Дома Трансфер зона Јувентус носи големо засилување од Олд Трафорд

Јувентус носи големо засилување од Олд Трафорд

Јувентус сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок во битката за Скудетото, а главна мета е Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најсилен интерес за него покажуваше Борусија Дортмунд, но „милионерите“ се откажаа бидејќи се загрижени за неговата дисциплина.

Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од Санчо и е спремен да го пушти на позајмица плајќајќи дел од неговата плата.

Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус, кој е спремен да го доведе Англичанецот во јануари на позајмица со можност за откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…