Ракитиќ во летниот преоден рок беше на излезна врата од Барселона, се поврзуваше со неколку клубови, но на крајот остана на „Камп Ноу“.
Хрватот не е задоволен од односот кој каталоснкиот клуб го има кон него, се чувствува изневерен, па размислува да направи трансфер во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот шампион Јувентус внимателно ја следи ситуацијата и ќе се обиде да го донесе во своите редови во зимскиот преоден рок.
„Старата дама“ сакаше да го ангажира Хрватот и во летниот преоден рок, но не успеа да се договори со Барселона, но е во постојан контакт со неговите агенти.
Ракитиќ не е среќен поради начинот на кој клубот сакаше да се искористи во трансфер пакетот за Нејмар, а наводно е незадоволен и од тоа што Валверде го изостава од стартниот тим на отварањето од сезоната.