Фудбалерите на Јувентус се искачија на врвот на табелата во италијанскиот шампионат благодарение на минималната домашна победа од 1:0 против бранителот на титулата Наполи, а воедно и првиот натпревар од 15. коло во Серија А.
Гол вреден три бода постигна Гати, кој во 51. минута беше највисок во скокот пред гостинскиот гол и реализираше центаршут на Камбијас. Голот на Јувентус поглднете го ТУКА.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Јувентус сега има 36 бодови, еден повеќе од Интер, кој денеска ќе му гостува на Удинезе, додека Наполи е петти со 24 бодови и се подалеку од одбрана на титулата.
Елиф Елмас одигра 35 минути на овој натпревар.