Дома Трансфер зона Јувентус му нуди трампа на Манчестер Јунајтед

Јувентус му нуди трампа на Манчестер Јунајтед

Контровезниот агент Мино Раиола во разговор со весникот „Тутоспорт“ изјави дека Пол Погба наскоро ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Тоа ја разбранува јавноста бидејќи потврди дека Погба не е среќен на „Олд Трафорд“ и на лето сигурно ќе ја промени средната.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е револтиран од таквиот однос на играчот и агентот, па донесе конечена одлука да го продаде Погба.

Прв фаворит за потписот на Французинот е Јувентус, кој веќе спремил понуда до Манчестер Јунајтед.

Италијанскиот првак е подготвен да го испрати Пауло Дибала во Манчестер а да го добие Погба во директна замена без доплата.

„Тутоспорт“ тврди дека Пирло верува дека Дибала нема повеќе иднина во Торино а со Погба „старата дама“ ќе добие на квалитет во средниот ред.

Ваквата трампа сигурно ќе ги задоволи апетитите и на Манчестер Јунајтед, кој подолго време покажува интерес за Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…