Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус започнал преговори за играчот на Волфсбург и бразилски репрезентативец, Луис Густаво.
Имено, „старата дама“ му понудил на германскиот клуб 2 милиони евра 6-месечна за позајмица на Луис Густаво, со можност да го откупи на крајот на сезоната за додатни 15 милиони евра.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Сепак, „волците“ не се задоволни од таквата понуда и сакаат да го пордадат играчот само на перманентна основа, односно Јувентус да гарантира задолжителен откуп на крајот на сезоната.
Бразилецот има 29 години, цела деценија игра во Бундес лигата и сака да ја промени средината, а на „бјанконерите“ им треба засилување на средината на теренот кое ќе може да игра во лигата на шампиони.
До крајот на преодниот рок остануваат уште само пет дена, па останува да видиме дали двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансферот.