Турскиот фудблаер Кенан Јилдиз во новата сезона на својот дрес во Јувентус ќе ја носи „десетката“.
„Десетката“ е број кој во Јувентус има голема тежина, најмногу поради легендарниот Алесандро Дел Пјеро, но и пред него во Торино ја носеле големи имиња.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дел Пјеро сепак остави најдлабока трага. Кога заминуваше во пензија се шпекулираше за повлекување, но самиот Дел Пјеро порача дека не би сакал да го одземе сонот на некое дете кое сонува да го носи овој број во Јувентус.
Јидлиз под водство на Алегри имаше повремени блесоци и покажуваше голем потенцијал, подоцна се најавуваше и дека може да замине. Сепак, по заминувањето на Алегри и таквите најави запреа, а ова е само доказ дека Јувентус ќе смета на него и во иднина.
Во изминатата сезона Јилдиз настапуваше со бројот 15.