Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Корентин Толисо.
26-годишниот играч за врска влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен, а нема најави за негово продолжување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците се спремни да го продадат, а италијанските клубови веќе стапиле во контакт со Баерн и со агентот на фудбалерот.
Толисо пристигна на „Алијанц Арена“ во 2017 година од Лион за 40 милиони евра, а Баерн за неговата слобода ќе бара 20 милиони евра.
Французинот се согласил за преселба во Серија А, па сега останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.