Дома Трансфер зона Јувентус договори две засилувања, се чекаат уште двајца!

Јувентус договори две засилувања, се чекаат уште двајца!

Вчера беше многу тежок ден за претставниците на Јувентус, успеаа да завршат работа со двајца фудбалери.

Јувентус денеска би можело да претстави две нови засилувања. Прв е Даглас Коста, фудбалерот на Баерн Минхен кој најавува трансфер преку својот менаџер со месеци, незадоволен е во редовите на германскиот шампион, бидејќи често не е во стартната постава.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тоа би можело да се промени со доаѓањето во Јувентус, а дека до трансфер ќе дојде вчера потврди и Румениге. Денеска се би можело да биде официјализирано.

Друг кој би можел да пристигне во Јувентус и чиј трансфер доаѓа до крајот е Кеита Балде, фудбалерот на Лацио. Според зборовите на поранешниот член на управата на овој клуб, Лучијано Моџи, тој веќе потпишал договор со Јувентус.

Тоа не е се, вчера управата на клубот закажала состанок со фудбалерот на ПСЖ, Матуиди, како и со неговиот менаџер, Мино Рајола. Неговата цена е околу 20 милиони, сигурно дека на Јувентус добро би му дошол овој 30-годишен Французин.

Остана уште Бернардески, Фиорентина најверојатно ќе го продаде. Се пишуваше дека би пристигнал во Јуве во случај Коста да не дојде, но постои опција по која и двајцата би имале место. „Sky Sports“ пишува дека Јувентус и понатаму го сака и дека преговорите се во тек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…