Дома Трансфер зона Јувентус доведува три ѕвезди од Манчестер Јунајтед, Ајакс и Реал Мадрид

Јувентус доведува три ѕвезди од Манчестер Јунајтед, Ајакс и Реал Мадрид

Пол Погба, Матијас де Лихт и Иско се наводно следени од страна на Јувентус пред летниот трансфер период.

Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед ќе ги пропушти квалификациите за Лигата на Шампионите следната сезона по ремито против Хадерсфилд, Погба би можел да биде отворен за заминување од „Олд Трафорд“ втор пат во кариерата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


19-годишниот капитен на Ајакс, де Лихт беше импресивен оваа сезона за својата екипа и на домашно и на европско ниво, водејќи го Ајакс до првото место во лигата и полуфинале во Лигата на Шампионите.

Иско во неколку наврати беше поврзуван со заминување од Реал Мадрид, а клубовите како Арсенал и Манчестер Сити наводно се заинтересирани за неговото доаѓање.

Според „Daily Mail“, спортскиот директор на Јуве, Фабио Патрисио ги сака сите три играчи ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул го сака дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…