Дома Трансфер зона Јувентус го сака Ковачиќ – Реал постави услов!

Јувентус го сака Ковачиќ – Реал постави услов!

Дали ќе сакаат Реал и Јувентус повторно да се соработуваат.

Од минатиот трансфер имаа корист, иако Реал извлече повеќе. Им го продаде на Јувентус Мората за 20 милиони, го откупија за десет повеќе и на крајот го продадоја на Челси. Сега Мадриѓаните сакаат нешто слично, а во прашање е Матео Ковачиќ кој е во сенката на Иско и Асенсио.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Наводно, Реал би го позајмил со право на откуп на Јуве, но во договорот би вовел клаузула да може да го врати за 25 милиони евра. Јуве секако ќе ја плати позајмицата и платата на Ковачиќ, а ќе има и право, ако Реал не ја искористи клаузулата, да го откупи Хрватот на крајот на сезоната.

Шампионот на Италија бара играч за врска, Блез Матуиди е прва опција, но Алегри сака помлад играч, па Ковачиќ се вклопува, иако не би бил стандарден, имено Пјаниќ, Маркизио и Кедира најверојатно ќе го прават почетното трио во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…