Адриен Рабио во редовите на Јувентус дојде како слободен играч минатото лето од редовите на ПСЖ и се доби впечаток дека Јувентус доби уште еден одличен играч без оштета.
Французинот беше блиску до Барселона, но на крајот заврши во Торино. Сепак, во екипата на Маурицио Сари не се снајде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рабио беше стартер само на 14 натпревари во Серија А и Лигата на шампионите и веќе се шпекулира дека би можел да си замине.
Две екипи кои покажаа интерес за него се Манчестер Јунајтед и Евертон.
Проценката е дека Јувентус би го пуштил за 30 милиони евра и таа сума Евертон би можел да ја плати. Кога во прашање е Манчестер Јунајтед, него Јувентус може да го искористи како дел од понудата за Погба.
Французинот запиша само осум настапи оваа сезона на „Олд Трафорд“, ,многу се шпекулираше за негово заминување, но опциите му се затворија со прекинот на сезоната.
Клубовите се борат со финансиската криза и никој не е спремен да ја плати сумата која за Погба ја бара Јунајтед, па Јуве со Рабио изгледа како реална опција. Рабио во Торино заработува околу 130.000 евра неделно и веројатно очекува таа плата да ја има и во новата средина.