Јувентус е подготвен да го продаде Игуаин на Челзи.
Искусниот аргентински напаѓач е голема желба на тренерот на „Сините“, Маурицио Сари, а наводно уште денеска Игуаин би можел да потпише за Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првично е планирано да пристигне во Челзи на позајмица до крајот на сезоната за сума од девет милиони евра. Меѓутоа, италијанскиот шампион има различна идеја, па за Игуаин го бара играчот на Челзи, Емерсон Палмиери.
Овој лев бек пристинга во Лондон пред година дена. Меѓутоа, во Челзи не се наигра, па оваа сезона настапи на само 11 натпревари, а запиша само 13 минути во Премиер лигата.
Емерсон е незадоволен од својот статус. Има во план да си оди, а сигурно дека му е мило поради интересот од Јувентус и дека со задоволство би го облекол нивниот дрес.