Дома Топ вести Јувентус ги стави на продажба Рабио и Алекс Сандро

Јувентус ги стави на продажба Рабио и Алекс Сандро

Јувентус е спремен на лето да ги продаде Адриен Рабио и Алекс Сандро и е спремен да слушне понуди за нив.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Торино донесе одлука да го намали буџетот за плати и да инвестира во млади фудбалери, па тренерот Алегри е спремен да направи реконструкција на тимот, тврди „Газета дело Спорт“.

Договорот и на двајцата фудбалери истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезат во последната година од договорот.

Кубот не планира да им понуди продолжување на соработката, па е спремен да слушне понуди за продажба.

Клубовите од Премиер лигата внимателно ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуди, па најверојатно кариерата ќе ја продолжат во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…