Приоритет на Јувентус во зимскиот преоден рок ќе биде да ја засили левата бековска позиција.
„Бјанконерите“ сакаат уште во јануари да донесат наследник на Алекс Сандро, кој на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството направило листата од неколку имиња, а двајца се фаворити – Алехандро Грималдо од Бенфика и Рафаел Гереро од Борусија Дортмунд.
Договорите на споменатите двајца истекуваат на лето, па тоа ги прави атрактивни за многу клубови.
Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да плати за да донесе еден од нив во јануари.