Дома Останати Кошарка Јокиќ настапи за Србија и – имаше разочарувачки бројки!

Јокиќ настапи за Србија и – имаше разочарувачки бројки!

Репрезентациите кои веќе обезбедија место на Олимписките игри во овој период играат пријателски натпревари како подготовка.

Србија така одигра пријателски натпревар со Холандија во кој победија со 90:74, а Никола Јокиќ по средбата се најде во центарот на вниманието поради својот слаб учинок.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Се работи за пријателски натпревар, но неверојатно звучи податокот дека Јокиќ за 20 минути на паркетот постигна само два поени и додаде девет скока со десет асистенции.

Ваквите бројки, посебно само двата поени се неверојатни за еден од најдобрите кошаркари на денешницата кој блескаше во НБА.

Најефикасен во редовите на Србија на оваа средба беше Урош Плавшиќ со 19 поени.

Се издвои и Никола Милутинов со 17 поени. Во Париз Србија ќе игра со САД, Јужен Сад и уште една репрезентација од квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Познати сите парови за плејофот на НБА лигата

Мајами и Мемфис се последните две екипи кои обезбедија учество во плејофот на НБА за оваа …