Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ во Ол-Стар ритам го преслуша Далас, Пол Џорџ ја реши драмата помеѓу Оклахома и Јута (ВИДЕО)

Јокиќ во Ол-Стар ритам го преслуша Далас, Пол Џорџ ја реши драмата помеѓу Оклахома и Јута (ВИДЕО)

Tимот на Денвер Наџентс славеше на гостувањето кај Далас Маверикс со 114:104 и така дојде до јубилејната 40-та победа во сезоната.

Никола Јокиќ продолжи онаму каде што застана пред Ол-Стар паузата. Уште еднаш беше на чекор од трипл-дабл со учинок со 19 поени, 13 скокови и 8 асистенции.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Она што поголемиот дел од спортската јавност го очекуваше е судирот помеѓу двајцата Балканци, Лука Дончиќ и Јокиќ, но Словенецот поради одлуката на тренерот кој не сакаше да ризикува со него остана на клупата за резерви.

Самиот натпревар беше прилично изедначен, а беше решен во третата четвртина која Денвер ја доби со 39:23, па до крајот тимот од Колорадо само рутински ја одржуваше стекнатата предност.

Најефикасни во победничкиот тим покрај Јокиќ беа и Пол Милисап кој запиша дабл-дабл (17 поени, 13 скокови), како и Мејсон Пламли (12 поени и 12 скокови).

https://youtu.be/FRgaGpa_ljI

Сепак најинтересниот натпревар во вечерта се одигра во Оклахома каде што после голема борба и две продолженија Тандерси славеа против Јута со 148:147. Поените за победа беа дело на Пол Џорџ на 0.8 секунди пред крајот на натпреварот.

Расел Вестбрук запиша 45 поени, 15 поени и осум асистенции.

Во поразениот тим, 38 поени уфрли Донован Мичел, 26 поени и 16 скокови имаше Руди Гобер, додека 24 поени забележа Дерик Фејворс.

Интересно беше и во Орландо каде што Булси славеа против Орландо со 110:109.

НБА резултати:

Индијана – Њу Орлеанс 126:111

Шарлот – Вашингтон 123:110

Торонто – Сан Антонио 120:117

Орлано – Чикаго 109:110

Њујорк – Минесота 104:115

Атланта – Детроит 122:125

Мајами – ЛА Клиперси 106:112

Далас – Денвер 104:114

Оклахома – Јута 148:147

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…