Реал Мадрид му порача на Лука Јовиќ слободно да си бара нов клуб бидејќи повеќе не е во плановите на Анчелоти.




Јовиќ во 2019 година потпиша за „кралевите“ во трансферот од Ајнтрахт Франкфурт, но се покажа како големо разочарување и едно од најлошите засилувања во историјата на тимот.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Карим Бензема игра во врвна форма, а тоа му направи дополнителен проблем на Јовиќ, кој не доби шанса оваа сезона да се наметне.




Италијанските медиуми пренесуваат дека Јовиќ е во напредни преговори со Фиорентина и дека може да се пресели во Серија А.




Фиорентина го сака на позајмица, а Јовиќ смета дека тоа е идеален клуб каде ќе ја „оживее“ својата кариера.