Дома Фудбал Пандев му одговори на Ангеловски: Мрме е шарлатан што никаде не останал повеќе од 2-3 месеци

Пандев му одговори на Ангеловски: Мрме е шарлатан што никаде не останал повеќе од 2-3 месеци

По острата реакција на Игор Ангеловски за избор за Гоце Седлоски за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, се јави и Горан Пандев.

Директорот на националните селекции во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му одговори преку социјалните мрежи.

„Се јави големиот селектор, големиот ‘патриот’. Не дочека ни шест часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експертот кој во последните години во ниту еден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеци. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ“, објави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канатларовски ја спореди школата на Вардар од 1985 со односот на младите денес

Драган Канатларовски се наврати на лекциите од поискусните соиграчи во Вардар и на разлики…