Дома Фудбал Jувентус добива нов спортски директор!

Jувентус добива нов спортски директор!

Досегашниот спортски директор на Џенова, Марко Отолини (45), е на пат да ја преземе истата позиција во Јувентус, информираат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Преговорите се водеа неколку недели бидејќи Отолини имаше неколку понуди, вклучувајќи и од странски клубови.

Сепак, на крајот двете страни се согласија усно и сега се очекува Отолини да стане спортски директор на „Старата дама“.

Тој веќе има претходно искуство со работа во Јувентус, од 2018 до 2022 година. Зачекори како скаут, а потоа беше одговорен за играчите кои се на позајмица. Во јули 2022 година стана спортски директор на Џенова, а на оваа функција остана до крајот на октомври годинава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…