Лука Јовиќ како големо засилување дојде во Реал Мадрид меѓутоа до прекинот на сезоната поради коронавирусот не ги оправда парите кои клубот ги вложи во него. Сега додека е паузата Јовиќ се спрема да ја врати старата форма од Ајнтрахт.
Бојан Ќустиќ е неговиот личен тренер и тој за „АС“ откри како Јовиќ започнал да работи пред два месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лука работи три часа дневно во својот дом. Секое утро имаме турина, еден час претпладен и уште два часа попладне со висок интезитет. Се фокусираме најмногу на силата, агилноста и брзината на опоравување после напор. Нема ниту еден слободен ден бидејќи секој ден му служи како опоравување бидејќи нема многу активности“.
„Во неговиот стан има лента за трчање, собен велосипед и останата потребна опрема. Имаме специфичен план на работа наменет само за фудбалери каде што максимално сме фокусирани на природните движења на играчот. Навистина е во топ форма и одлично се чувствува. Му спемивме и план за исхрана со сите рестрикции, но тоа не е нешто нова за него. Има три оброци и две ужини, но мора внесува што повеќе овошје“, објасни Ќустиќ.