Селекторот на Германија, Јоаким Лев не го криеше задоволството од победата на „пацирите“ против Шведска, но призна дека неговиот тим имал среќа.
Германија стигна до целосен пресврт против Шведска во последните минути од мечот со прекрасниот гол на Тони Крос од слободен удар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ми се допадна што тимот не падна во паника после примениот гол. На полувремето се договоривме да се движиме повеќе за да го умориме противникот и да добиеме повеќе простор. Во второто полувреме нападнавме силно, иако дозволивме доста шанси на противникот“, истакна Лев.
„Тоа што сакам да го потенцирам е духот на тимот, кој ниту за момент не ја загуби надежта. Голот во судиското продолжение можеби е среќа, но тој немаше да се случи ако силно не верувавме во победа“, заклучи германскиот селектор.