Дома Фудбал Останато Јануарска распродажба во ПСЖ – Шест ѕвезди мораат да си заминат!

Јануарска распродажба во ПСЖ – Шест ѕвезди мораат да си заминат!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) испрати предупредување до францускиот ПСЖ поради огромните трошоци за трансфери.

Парижаните ова лето за 222 милиони евра го доведоа Нејмар од Барселона, пристигна и Килијан Мбапе од Монако кој следното лето ќе биде платен 180 милиони, а ваквите трошоци ги надминаа сите граници и УЕФА се закани со исфрлање на францускиот тим од Лигата на Шампионите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Причината е фактот дека ПСЖ не може да ги покрие трошоците за овие трансфери. Иако се работи за голем тим, 400 милиони евра е сума која не може да ја покријат преку клубот, а УЕФА од сите бара да бидат барем во било каков егал кога станува збор за продажба и купување на фудбалери или да имаат приходи кои би им овозможиле големи трансфери.

Факт е дека ПСЖ тоа го нема. Трансферите ги плаќаат со парите кои ги даваат Катарците и на крајот ова би можело скапо да ги чини. УЕФА во текот на летото им се закани на Парижаните да продадат одредени фудбалери за да ги покријат трошоците од трансферите на Нејмар и Мбапе.

На нив им било наредено одредени фудбалери да ги стават на трансфер листата. Управата се одлучи да продаде дури осум фудбалери, а двајца веќе го напуштија клубот. Серж Ауриер и Блез Матуиди беа првите „жртви“ поради доаѓањето на Нејмар, а во јануари клубот во продажба ќе стави уште шест фудбалери.

Анхел Ди Марија, Хавиер Пасторе, Лукас Мора, Џулијан Дракслер, Хатем Бен Арфа и Тиаго Силва се ставени на трансфер листата за да ја избегнат казната од УЕФА поради кршење на финансискиот фер плеј, а слична субина би можела да им се случи и на Манчестер Сити.

Исфрлувањето од Лигата на Шампионите би бил огромен потег на европската куќа на фудбалот, но ништо не е невозможно во овој случај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…