Ламин Јамал е вистинска сензација на ЕП. На 16 години е стартер за Шпанија и ги собори сите рекорди.
Веднаш почнаа споредбите со Лионел Меси, особено поради фактот што и Јамал потекнува од академијата на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, се појави слика од Јамал кога бил бебе во рацете на Меси.
„Споредба со Меси? Никој не се противи на тоа, но ве молам не ме споредувајте со Меси. Јас никогаш нема да бидам како него. Тој е најголем играч во историјата“.
„За таа фотографија со него јас не знаев се додека не ја видов. Мојот татко ја сочувал таа фотографија од пред 16 години. Јас не сакав прв да ја објавам за да не се сфати погрешно дека сега се споредувам со Меси“, истакна Јамал.