Дома Фудбал Ја одбил Барселона поради љубов кон Еспањол

Ја одбил Барселона поради љубов кон Еспањол

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.

Дардер откри дека во летниот преоден рок добил понуда од Барселона, но не сакал да изврши предавство кон Еспањол.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Многу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.

Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол и реши кариерата да ја продолжи во Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нajтешкиот ден во животот на ѕвездата на Реал и повикот за неговата мајка кој го скрши

Арда Гулер е еден од најдобрите млади фудбалери во светот, но еден повик можеше сè да му п…