Кошаркарите на Денвер победија ноќеска на свој терен против Филаделфија со 144:109, со што му ја нанесоа на гостинскиот тим седмата последователна загуба во ноќта меѓу вторник и среда.
Филаделфија само на почетокот на натпреварот водеше (2:0), по што Денвер, предводен од српскиот центар Никола Јокиќ, го контролираше резултатот и лесно стигна до третата последователна победа.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Јокиќ во победата на својот тим запиша 19. трипл-дабл во сезоната со 27 поени, 13 скокови и 10 асистенции, и четири украдени топки.