Дома Фудбал Репрезентации Ѕвездата на Јунајтед: Фудбалерите на Сан Марино сакаа да ме повредат, ги слушнав договорите

Ѕвездата на Јунајтед: Фудбалерите на Сан Марино сакаа да ме повредат, ги слушнав договорите

Данска вчера го победи Сан Марино со 2:1 во осмото коло од квалификациите за Европското првенство.

Данците се многу блиску до пласман на завршниот турнир, а со нив би требало да патуваат Германците и Словенците. Данска во следното коло ќе ја дочека Словенија, додека потоа гостува кај Северна Ирска.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


До планираните три бода против Сан Марино Данска стигна многу потешко од очекувањата. Поведоа со голот на Расмус Хојлунд во 42. минута, но потоа Сан Марино ги шокираше и изедначи. Аалесандро Голинучи во 61. минута постигна гол за изедначување. Сепак, трите бода за Данска ги обезбеди Јусуф Полсен во 70. минута.

Во натпреварот репрезентативците на Сан Марино беа посебно жестоки кон Расмус Хојлунд кој даде изненадувачка изјава по натпреварот.

„Имам чувство дека бев нивна цел, како што видовте на крајот. Разбирам италија и можев да слушнам како зборуваат да ме повредата, правеа договори. На снимките можете да видите дека имаа таква идеја“, изјави данскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…