Плејмејкерот на Јувентус, Артур Мело е примарна трансферна цел на Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.
Бразилециот не е во плановите на Макс Алегри и Арсенал е еден од клубовите кои се заинтересирани за неговиот потпис.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Микел Артета сака да го засили средниот ред и верува дека Артур идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Со оглед на фактот дека другите заинтересирани клубови не можат да си ја дозволат платата на Бразилецот, во овој момент Арсенал е во пол-позиција за неговиот потпис.
„Артур беше на чекор од трансфер во Арсенал во јануари и се надеваме дека трансферот ќе се реализира ова лето“, изјави агентот на Бразилецот, Пасторело.