Манчестер Сити минатото лето го ангажираше само Ријад Марез, но Гвардиола инсистираше да му биде донесен и еден играч за врска.
„Граѓаните“ се во потрага по засилување за средниот ред, фудбалер кој ќе биде алтернатива за Фернандињо, а Гвардиола го пронајде во Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Сити покажува сериозен интерес за играчот на Наполи и бразилски репрезентативец Алан.
Алан е во Наполи од 2015 година и е незаменлив во тимот како кај Сари така и кај Анчелоти, па го привлече вниманието на голем број европски гиганти.
Гвардиола смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим и сака да го донесе на „Етихад“ уште во јануари.