Милан е блиску до комплетирање на трансферот на играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.
21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси.
Договорот на Камара истекува следното лето, па поради тоа Марсеј мора да го продаде, а за неговата слобода бара 20 милиони евра.
Милан понудил 15 милиони евра плус бонус, па двата клуба се блиску до договор.
📰 @beinsports_FR: #ACMilan close to completing signing of Marseille star Boubacar Kamarahttps://t.co/GszKhkQbcn #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) June 25, 2021