Дома Топ вести Ѕвездата на Ајакс сака во Барса, Раиола го убедува да го избере Јувентус

Ѕвездата на Ајакс сака во Барса, Раиола го убедува да го избере Јувентус

Барселона го ангажираше Френки Де Јонг од Ајакс, но сака на лето да ја доведе и другата ѕвезда на холандскиот клуб, Матијас де Лихт.

Холанѓанецот има желба да се пресели во Каталонија, но неговиот агент Мино Раиола смета дека за него е подобро да замине во Јувентус.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Контроверзниот менаџер смета дека Торино е идеална средина за него и дека многу повеќе ќе напредува во кариерата покрај Киелини и Бонучи.

„Мундо Депортиво“ смета дека Раиола го има последниот збор и дека неговите фудбалери секогаш го слушаат нивниот совет.

Познато е дека Барселона не е во добри односи со Раиола уште од времето кога Златан Ибрахимовиќ го напушташе „Камп Ноу“.

Барселона и Јувентус се спремни да платат 50 милиони евра за потписот на Де Лихт, па останува да видиме каков ќе биде неговиот избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…