Стојан Ѓуроски беше еден од најдобрите поединци во нашата селекција, ако може да се издвојат таквите во феноменалното изание на „црвено-жолтите“ на теренот во Сосновиец.
Поедноставно кажано „ја прегазивме“ четврттата европска селекција на последниот Евробаскет, и покажавме дека можеме многу повеќе со овој играчки ростер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во убедливите плус 25 (96:71), против Полска, искусниот крилен кошаркар, испорача 17.поени, со висок процент на реализација (3/5 за три, 3/4 за два и 2/3 за еден поен), плус и две освоени топки, два скок аза повеќе од 31.минута помината на теренот.
„Влеговме максимално мотивирано во натпреварот. Знаевме од каква значење е за нас. И тоа дефинитивно ни се исплатеше. На нивната игра одговоривме со една многу поголема агресивност. Мислам дека можеби малку и нè потценија. Се одлучивме помалку и да ризикуваме со нивниот шут од далечина, во прв ред на Балцеровски, и тоа на крајот и се исплатеше.
Сепак, сметам дека енергијата беше клучен фактор за победата на овој натпревар. Погодивме доста шутеви од далечина. И дека поголем дел од репрезентативците одиграа феноменално. Нено нè предводеше, и не само што погоди доста, и комплетираше висока бројка на поени, туку нè разигра и нас останатите. И мислам дека на крилјата на оваа победа треба да продолжиме да се надградуваме како тим.
Можеби лош момент е победата на Естонија против Литванија. Меѓутоа тоа не значи ништо за нас. Следна на ред ни е репрезентацијата на Литванија, за која лично сметам дека можеме да ја победиме во Скопје. Има уште многу да се игра во овие квалификации,и ќе се потрудиме да победиме на што повеќе натпревари. Ова во Полска беше само првиот“, изјави Ѓуроски.