Дома Македонски спорт Ѓорѓиев за поразот од Финска: Се случи истото како и пред две години

Ѓорѓиев за поразот од Финска: Се случи истото како и пред две години

Одбојкарската репрезентација на Македонија беше поразена на првиот натпревар на Европското првенство од домаќинот Финска со 3:1 во сетови.

По поразот своето мислење за натпреварот го изнесе капитенот Никола Ѓорѓиев.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„За жал изгубивме од Финска. Според мене се случи истото како и пред две години, изгоревме во желбата за победа. Се уште сум убеден дека сме подобра репрезентација од нив, но не го покажавме тоа на теренот. Жал ни е, денес после непроспиената ноќ го анализиравме натпреварот и гледавме каде грешевме“.

„Не чекаат уште четири натпревари. Традицијата ни покажува дека секој следен меч го играме подобро, па се надеваме така ќе биде и сега. Борбата за осминафиналето секако уште не е завршена“, изјави Ѓорѓиев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бабунски уште неседнат, си замина од Беса

Бобан Бабунски пред само три недели седна на кормилото на Беса, а денес си замина од тимот…