Ѓоковиќ и по напуштањето на теренот ја продолжи војната со хејтерите. Тие повторно му извикуваа „Рууне“, на што српскиот шампион одговори со раширување на рацете, а потоа со ракоплескање пред да влезе во тунелот.
Тој го коментираше и однесувањето на публиката кон него на прес-конференцијата:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не знам што може да направи Вимблдон во тие моменти, тие платија билети и сакаат да навиваат како навиваат. Така избираат. Како се однесуваат , тоа зависи од нив.
Можеме да разговараме дали судијата ќе направи нешто, но вие не можете да направите многу.