Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ја почнува последната недела на врвот на АТП, а потоа следи голем пад

Ѓоковиќ ја почнува последната недела на врвот на АТП, а потоа следи голем пад

Новак Ѓоковиќ и оваа недела се наоѓа на врвот на АТП листата.

Иако изгуби во четвртфиналето на Ролан Гарос од Рафаел Надал Србинот и понатаму е најдобар играч на планетата, сепак тоа нема да биде така уште долго.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ во Париз не успеа да ја одбрани титулата и 2000 поени од минатата година, исфрлувањето од Австралија Опен и забраната за настап на мастерсите во Америка гои чинеа 4.000 бодови.

На сето ова Новак наредната недела ќе остане уште без 2.000 бодови затоа што нема да има бодување на претстојниот Вимблдон. Така српскиот ас изгуби 6.000 поени поради случувања надвор од тенискиот терен.

Од наредната недела на врвот на АТП ќе биде Данил Медведев, втор Саша Зверев, Ѓоковиќ ќе падне на третата позиција. Рафаел Надал кој во Париз сригна до 22. гренслем титула ќе остане четврти играч на планетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кошмарен почеток на УС-Опен за Ѓоковиќ и Даниловиќ – издржаа само 45 минути

Српските тенисери Новак Ѓоковиќ и Олга Даниловиќ не успеаја да се пласираат во второто кол…