Дома Останати Тенис Ѓоковиќ: Срамота, безобразно! Да ми прават допинг контрола пред мечот?!

Ѓоковиќ: Срамота, безобразно! Да ми прават допинг контрола пред мечот?!

Србија се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот откако во Малага ја совлада Велика Британија со 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот бод за Србите го донесе Миомир Кечмановиќ кој со 7:6, 7:6 го победи Џек Дрејпер, а вториот Новак Ѓоковиќ кој лесно го совлада Камерон Нори со 6:4, 6:4.

Тенисерот број еден во светот имаше многу повеќе проблеми со публиката, но и со организаторите. По натпреварот тој објасни зошто.

„Сè уште не сум направил целосна допинг контрола, треба да дадам крв. Имав кратка дискусија со луѓето од антидопинг агенцијата.

Не верував дека донеле таква одлука, за 20 и повеќе години во кариерата не ми се случило час и половина пред натпреварот да одам на допинг контрола, имам своја рутина, да ми земаат урина и крв, да размислете дали можам да дадам урина во тој момент“, рече тој и додаде:

„Јас поддржувам да се тестирам себеси или кој било – сто пати, нема проблем, но не пред натпреварот.

Кога ќе завршам, дојдете, тестирајте се, не видов никаква причина или логика. Срамно е тоа што го направија.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…