Дома Фудбал Останато Ѓоковиќ со коментар за Суперлигата: Не може ли никој да игра освен тие 20 тима?

Ѓоковиќ со коментар за Суперлигата: Не може ли никој да игра освен тие 20 тима?

Основањето на Суперлигата го прокоментира и првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е фан на Милан, а и „росонерите“ ќе бидат дел од ова натпреварување. Српскиот тенисер признава дека не е воодушевен од идејата.н

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мораме да се информирам за се. Дали ова значи дека ќе ја нема Лигата на шампиони? Не може ли никој да игра освен тие 20 тима? Добро, тоа е насоката во која одеше фудбалот во последните 20 години. Се водеше кон тоа. Парите го диктираа темпото. Не можам да кажам повеќе од ова, на прв поглед не ми изгледа добро. Јас сум човек кој сака да се даде шанса на секого да се натпреварува на највисоко ниво. Тоа го сакам и во тенисот, тоа е всушност магијата на спортот“, изјави Ѓоковиќ.

Инаку, вчера првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин порача дека Лигата на шампионите ќе се игра со или без 12-те „одметници“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кансело прави неочекуван трансфер во – Шпанија или Италија?!

Жоао Кансело би можел повторно да заигра во голем клуб. Ал Хилал е подготвен да го продаде…