Дома Останати Ѓоковиќ се враќа за Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ се враќа за Мастерсот во Монте Карло

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој се рехабилитира од повредата на лактот, на тениските терени ќе се врати за егзибицијата во Монте Карло, која му претходи на Мастерс турнирот кој се одржува во овој град.

Новак Ѓоковиќ, кој на претходните два турнири испаѓаше во осминафиналето, поради повреда на лактот го пропушта Мастерсот во Мајами, но ќе биде подготвен за турнирот во „малото кнежевство“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Оваа информација ја потврди француската новинарка Керол Бушар, која прва објави дека Србинот нема да игра во Мајами. Покрај Ѓоковиќ на егзибицијата ќе учествуваат Марин Чилиќ, Григор Димитров и Александар Зверев.

Ѓоковиќ е двократен победник на Мастерсот во Монте Карло, а оваа сезона тој ќе брани само 10 поени бидејќи лани испадна во второто коло од Јиржи Весели.

Мастерсот во Монте Карло ќе го пропушти Роџер Федерер, додека настапот на Кеи Нишикори е неизвесен.

Турнирот во Монте Карло на програмата е од 15 до 23 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз: Неверојатно е тоа како Надал успеваше да биде на врвот секоја недела

Никој никогаш во историјата на тенисот не доминирал на една подлога како што тоа го правеш…