Новак Ѓоковиќ пред почетокот на утрешниот Мастерс во Монте Карло призна дека не е во најдобра форма и поради тоа ќе ги намали целите и очекувањата.
Изминува првата недела од април, а Ѓоковиќ се уште е без трофеј во календарската година, па поради тоа третиот Мастерс ќе го дочека со поинакви амбиции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во овој момент моите очекувања не се толку високи, посебно поради начинот на кој играв сезонава, но и поради начинот на кој играв во Монако претходните години. Ќе се однесувам согласно на ситуацијата и ќе ги намалам целите и очекувањата.
„Се надевам дека ќе го поминам тоа фамозно второ коло во Монте Карло и ќе играм барем полуфинале. Според мене најдобар тенисер во моментов е Јаник Синер, многу напредуваше во последните шест месеци“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ последен пат до финалето во Монте Карло стигна во 2015 година кога беше подобар од Томаш Бердих.