Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на АТП турнирот во Акапулко, откако голема борба славеше над Хуан Мартин дел Потро со 2:1 (4:6, 6:4, 6:4).
Дуелот на големите пријатели пред полните трибини во Акапулко донесе голема борба, од првиот до последниот поен, Ѓоковиќ успеа да се извлече од амбисот и на крајот да победи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дел Потро во решавачкиот трет сет, направи брејк поведе со 3:4, но подоцна се покаѓа дека тоа беше последниот гем кој го освои во мечот. Ѓоковиќ до крајот освои три гема и избори полуфинале со котроверзниот Австралиец Ник Кириос.
Ѓоковиќ делумно му се реваншира на Дел Потро за поразот на олимпискиот турнир, а во меѓусебните дуели сега води со 12-4.
Турнирот во Акапулко се игра за награден фонд од 1,4 милиони долари, а титулата ја брани Австриецот Доминик Тим.