Дома Останати Ѓоковиќ: Поради Федерер и Надал сум тоа што сум

Ѓоковиќ: Поради Федерер и Надал сум тоа што сум

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ испиша историја и по 6-ти пат го освои трофејот на Вимблдон.

Ова за Ѓоковиќ беше 20-ти грен слем во кариерата со што се израмни со Федерер и Надал по освоени грен слем титули.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Додека се разгорува дебатата за тоа кој е најдобар на сите времиња, Ѓоковиќ истакна дека Надал и Федерер му помогнале да биде тоа што е денес.

„Никој од нас тројцата нема да застане. Морам да им дадам големо признание за Рафа и Роже, тие се легенди, двајца најдобри тенисери против кои сум играл. Ми помогнаа и ми укажаа што треба да правам за да стигнам до тука. Губев три, четири години од нив двајцата, а потоа во 2010, 2011 се се промени, па изминатите 10 години е неверојатно“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…