Дома Останати Тенис Ѓоковиќ одлучил: До крајот на годината ќе игра само на уште три турнири

Ѓоковиќ одлучил: До крајот на годината ќе игра само на уште три турнири

Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерс турнирот во Шангај, а српскиот тенисер во меѓувреме ги известил дека нема да настапи и на помалите турнири за кои имаше покана.

Зад Ѓоковиќ е напореден период на исцрпувачки турнири и сака да се одмори и да ги наполни батериите за најголемите предизвици кон крајот на годината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според најавите, Ѓоковиќ би требало да игра само на три турнири до крајот на годината, првиот ќе биде Мастерс-турнирот во Париз каде што минатата година стигна до финалето. Следен ќе биде завршниот Мастерс во Торино на кој минатата година го освои трофејот и ќе брани најмногу поени.

На крај, се очекува да ја предводи Србија во завршницата од Дејвис Купот во Малага, турнир кој ќе се игра од 21. до 26. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз и Синер треба да бидат внимателни: Бившиот тренер на Ѓоковиќ верува дека може да достигне до 25 грендслема

Неверојатни настапи покажа Новак Ѓоковиќ на првиот грендслем во Мелбурн, особено во полуфи…