Дома Останати Тенис Ѓоковиќ на УС Опен постави нов рекорд, а и самиот не знаеше!

Ѓоковиќ на УС Опен постави нов рекорд, а и самиот не знаеше!

Новак Ѓоковиќ по пласманот во второто коло на УС Опен, по мечот како и вообичаено даваше изјава за медиумите.

Победата против Молдавецот, Раду Албот за српскиот тенисер беше 78. триумф на теренот „Артур Еш“ во Њујорк и тоа е повеќе од било кој друг тенисер. Интересно е што и самиот Ѓоковиќ не знаел за ова достигнување.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Не го знаев тоа, да бидам искрен. Ова е најголемиот и најгласниот стадион што го имаме во тенисот. Кога го воведоа покривот, сигурно стана уште погласен, а со новите правила оваа година Публиката може да се движи наоколу… Сега е полноќ, сакам да играм вечерни термини, но не волку доцна. Ви благодарам на сите што сте тука“, изјави Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер на сите времиња го интервјуираше поранешниот играч Џејмс Блејк, кој истакна дека Ѓоковиќ има 37 години, но се движи како да има 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вакво нешто не се памети: Тенисерка на Вимблдон урнебесно реагираше поради пчела

Шуај Жанг и Екатерина Александрова обезбедија место во третото коло на Вимблдон во конкуре…