Дома Останати Ѓоковиќ испиша историја и го освои олимпиското злато

Ѓоковиќ испиша историја и го освои олимпиското злато

Новак Ѓоковиќ е олимписки шампион, откако во финалето со 2:0 во сетови го победи Карлос Алкараз.

Најдобриот тенисер во историјата го освои единственото одличје кое му недостасуваше и тоа го направи на 37 годишна возраст.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Финалето понуди атомски тенис и само нијанси го одлучуваа победникот. Двата сета се играа во тај бејк, откако ниту Ѓоковиќ ниту Алкараз не успеаа да направат бејк.

Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека е најдобар во тај брек и двата сета ги освои со резултат 7:6.

Ѓоковиќ после освојувањето не можеше да ги задржи емоциите и солзите, бидејќи после четвртиот обид успеа да стане олимписки шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Експерт открива теорија за повредите на Ѓоковиќ

И додека Новак Ѓоковиќ се соочува со предизвиците што ги носат годините и сè почестите пау…