Новаќ Ѓоковиќ многу полесно од очекуваното го победи Рафа Надал со 3:0 во финалето на Австралија Опен и го освои 15-от Гренд Слем во кариерата.
Србинот фуриозно го отвори натпрварот со брејк во првиот гем. Доминантно го освојуваше својот сервис и не му даде шанса на Надал да го возврати брејкот па го освои сетот со 6:3.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Слично беше и во вториот сет кај Ѓоковиќ уште еднаш ја потврди својата доминација и славеше со 6:2. Во третиот сет Надал пружи најмногу отпот, но Ноле успеа да направи брејк во 5-от гем и на крајот го освои сетот со 6:3.
Ѓоковиќ денес доминираше во сите сегменти на играта и воопшто не му даде никаква шанса на Надал.
Ова за Србинот беше 7-ми триумф во Австралија и 15-ти Гренд Слем во кариерата!