Дома Останати Тенис Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во второто коло на Ролан Гарос

Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во второто коло на Ролан Гарос

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ со победа го започна својот пат на овосезонскиот Ролан Гарос каде ја брани титулата.

Тој во првото коло со вкупни 3:0 во сетови (6:4, 7:6, 6:4) беше подобар од Пјер-Хјуг Херберт, 142. играч во светот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Единствените проблеми што Французинот му ги направи на српскиот тенисер беа во вториот сет, во кој отиде до тај брејк, но таму лошо го чуваше својот сервис.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против шпанскиот тенисер Роберто Карбалес Баена, 63-от светски играч. Тој во првото коло го совлада Французинот Констан Лестиен со 3:1 во сетови (6:3, 7:5, 4:6, 6:2). Во Париз, Ѓоковиќ ја брка својата четврта титула на тој турнир и својот 25. Грен слем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонците во Мелбурн навиваа за Ѓорческа – ечеше „Македонија, Македонија“! (Видео)

Триумфот на Лина Ѓорческа во првото квалификациско коло на Австралија опен помина во знако…