Организаторите на Австралија опен ги одредија носителите за претстојниот Гренд слем во Мелбурн, кој се одржува од 12 до 25 јануари.
Првите носители се и бранителите на трофејот, Јаник Синер во машка, а Арина Сабаленка во женска конкуренција.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Најдобриот тенисер на сите времиња и десеткратен шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, е поставен за седми носител, што му дополнително го комплицира патот до самата завршница.
Ѓоковиќ сега веќе во четвртфиналето може да се сретне со Јаник Синер, Карлос Алкараз или Александар Зверев, кои според обложувалниците се меѓу главните кандидати за титулата.
Новак во потенцијално четвртфинале не може да игра против Данил Медведев, Каспер Руд и Алекс де Минор, кој е осми носител.
Ноле против други носители може да се сретне и во осминафиналето, а тука му се потенцијални противници Андреј Рубљов, Григор Димитров, Стефанос Циципас, Томи Пол, Холгер Руне, Уго Амбер, Џејк Дрејпер и Лоренцо Мусети.
Во претходната рунда се наоѓаат и многу носители, а меѓу нив има и опасни „мини“, а ова се и сите можни противници меѓу носителите: Франсис Тиафо, Хуберт Хуркач, Карен Хачанов, Артур Филс, Бен Шелтон, Себастијан Корда, Алехандро Табило, Јиржи Лехецка, Алексеј Попирин, Томаш Махач, Џордан Томпсон, Себастијан Баез, Феликс Оже Алиасим, Џовани Мпеши Перикар, Франциско Серундоло и Флавио Коболи.
Ѓоковиќ беше послаб носител на Австралија опен последен пат во 2018 година, кога поради повреда на лактот го пропушти вториот дел од сезоната во 2017 година, па значително падна на ранг-листата. Седум години подоцна, како седми носител, ќе се обиде да постави нов рекорд по бројот на Гренд слем титули.