Организаторите на првиот Грен-слем турнир во сезоната, Австралија Опен, ги објавија коефициентите за потенцијалните победници на престижниот трофеј.
На врвот на листата како главен фаворит се наоѓа најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер. Според објавените коефициенти, шансите за негов триумф се оценети помеѓу 1.75 и 1.8. Непосредно зад него е Карлос Алкараз, чиј коефициент се движи од 2.4 до 2.5, додека Новак Ѓоковиќ е трет на листата со коефициент помеѓу 3 и 4.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Синер, кој моментално е на врвот на АТП ранг-листата, истовремено е и актуелен шампион на Австралија Опен. Дури и ако не учествува на турнирот оваа година, неговата доминација гарантира дека ќе остане на првото место на светската ранг-листа по завршувањето на натпреварувањето во Мелбурн.