Дома Фудбал Останато Шукер: Реал Мадрид повторно ќе игра во финалето од Лигата на шампионите

Шукер: Реал Мадрид повторно ќе игра во финалето од Лигата на шампионите

Претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз смета дека Реал Мадрид и оваа година може да игра во финалето на Лигата на шампионите.

Според Шукер овој тим на Зидан има и тоа како големи шанси за такво нешто.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не се сомневам дека Реал Мадрид може да стигне до финалето од Лигата на шампионите во Киев. Овој тим знае како да се игра во Лигата на шампионите“, изјави Шукер за „Марка“.

„Лигата на шампионите е поинакво натпреварување, ако Реал Мадрид е во форма тогаш можат да го победат секој противник, тоа го покажа против Јувентус минатата година. Не сакам да ја коментирам нивната ситуација во шпанското првенство и нема да му давам совети на Зидан, тој е одличен тренер и знае како да го води тимот“, заврши Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсими напушти натпревар на полувреме во Хрватска – еве што се случило!

Фудбалскиот клуб Арсими, судејќи според случувањата во Медулин, не ги минува најмирните по…