Дома Фудбал Англија Што им порача Клоп на младите момци кои синоќа беа тешко поразени?

Што им порача Клоп на младите момци кои синоќа беа тешко поразени?

Најмладата екипа на Ливерпул која одиграла еден натпревар синоќа беше поразена во рамките на четвртфиналето од Лига Купот против Астон Вила со резултат 5:0.

Поради Светското клупско првенство, Ливерпул синоќа мораше да игра со младинскиот тим, кој во просек имаше 19 години и 182 дена, а Вила на крајот очекувано победи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тренерот на младинците, Критли го предводеше тимот, бидејќи Јирген Клоп отпатува за Катар на СКП.

Поразот на Вила Парк е тежок, резултатот е премногу висок, но Критли истакнува дека тој бил горд од односот на своите играчи, а пет од нив го имаа своето деби за првиот тим на Ливерпул.

На прашањето дали Клоп понудил било каков коментар, Критли рече: „Имавме некои информации на полувремето од менаџерот. Во основа, тој ни рече да продолжиме да играме како што играме, да продолжиме да бидеме храбри. Сигурен сум дека тој ќе биде горд на начинот на кој игравме вечерва “.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …