Дома Фудбал „Што ако заминат Рамос и Меси? Заминаа и Нејмар и Роналдо па ништо не се промени“

„Што ако заминат Рамос и Меси? Заминаа и Нејмар и Роналдо па ништо не се промени“

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас во разговор за шпанските медиуми го коментираше можното заминување на Лионел Меси и Серхио Рамос, па го спомена и Кристиано Роналдо.

Роналдо го напушти Реал Мадрид и премина во Јувентус, а шпанската Ла Лига во летото кое следи може да се случи да остане без уште две големи ѕвезди. Меѓутоа Тебас смета дека Ла Лига е поголема од секој фудбалер и истакна дека заминувањето на Роналдо не променило многу.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Секако дека сакам да останат, но и ако се случи да заминат ние ќе работиме на тоа да го надополниме нивното отсуство. Замина и Роналдо, но тоа ништо не промени, а исто така мислам дека Роналдо не ја направи ниту Серија А подобра“.

Се потсети и на Нејмар кој премина од Барселона во ПСЖ.

„И Нејмар отиде во француската лига и тоа ништо не промени“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Тимот ментално падна. Малку се шансите за враќање

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шам…